Европскиот клупски шампион Челзи не го обновил договорот со дефанзивецот, Андреас Кристенсен. Данскиот репрезентативец е врзан со „сините“ од Лондон до наредното лето и по Нова година ќе може да преговара и со други клубови доколку дотогаш не потпише повторно со „сините“.
Преговорите меѓу двете страни се во застој два месеца. Кристенсен во Премиер лигата во тековнава сезона одигра 6 натпревари. Тој дебитираше во Челзи во 2014 година а потоа играше две сезони како позајмен во Борусија (Менхенгладбах).
По враќањето во Англија ги освои Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на Европа, ФА Купот и Лига купот во Англија.

