Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали летово ќе го промени клубот и ќе се пресели во англиската Премиер лига. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо преку своите профили на социјалните мрежи.
Според Романо, Челзи ја затвора зделката за трансферот на Калиду Кулибали. Личните услови на договорот се веќе договорени: Сенегалецот ќе добие 10 милиони евра, договорот ќе важи до јуни 2027 година. Се очекува во наредните денови клубовите да постигнат договор за трансферната сума. Станува збор за сума од 38 милиони евра.
Да потсетиме дека договорот на Кулибали со Наполи истекува на крајот од сезоната 2022/23. Претходно италијанските медиуми објавија дека Сенегалецот поради лојалноста кон клубот сака да ја заврши кариерата во Наполи и сака да го продолжи договорот. Тој веќе ги одби Барселона и Јувентус. Во сезоната 2021/2022, Кулибали имаше 37 настапи во сите натпреварувања за Наполи, постигнувајќи три гола и три асистенции.

