22-годишниот норвешки офанзивен играч за врска Мартин Одегард, кој е на позајмица во Арсенал, но е во сопственост на Реал Мадрид, го привлече вниманието на два врвни англиски клубови, Челзи и Ливерпул, објави „АС“.
Според истите информации, „Топџиите“ се подготвени да го откупат играчот за 35 милиони евра, но со оглед на неверојатната форма на играчот, цената може да се искачи на 58 милиони евра, што е недостапна сума за управата на Арсенал. Ова е она што Челзи и Ливерпул можат да го искористат.
Реал Мадрид планира да го остави играчот во својот состав, но продажбата на играчот од средниот ред може да биде поттикната од можноста за добивање средства за него кои ќе бидат искористени за купување на Килијан Мбапе од ПСЖ или Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Оваа сезона, Одегард учествуваше на 8 натпревари за Арсенал во англиската Премиер лига, на кои постигна 1 гол.

