Челзи и Манчестер Јунајтед се сретнале со агентот на напаѓачот Бенјамин Шешко. Иако Салцбург се бори да ја задржи својата млада ѕвезда, Словенецот размислува да прифати некоја од понудите на англиските гиганти.
Австрискиот шампион ставил цена од над 55 милиони фунти на словенечкиот репрезентативец, што нема да биде проблем да ја платат газдите и на двата тима.