Челзи и Тотенхем влегуваат во сериозна битка за играчот од средниот ред на Милан Франк Кеси, објавија медиумите во Италија.
Според последните информации „росонерите” може да се одлучат да продаваат играчи, за да може тимот да не биде во проблеми со правилата на УЕФА за финансиски фер-плеј.
Раководствот на Милан знае дека доколку сака да не добие тешки санкции, не смее да ги надмине границите за трошење на пари. На крајот се претпоставува дека при понуда од 45 милиони евра, тимот најверојатно ќе се согласи да се раздели со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, кој е еден од најдобрите фудбалери во италијанскиот гигант.
За Франк Кеси интерес има и од кинескиот Пекинг Гуан, но самиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во некое од најсилните првенства во Европа.

