Челзи ќе бара 31 милион фунти од потенцијалните купувачи на Тимуе Бакајоко. Ова денес го објавија француските медиуми.
Сумата е за 9 милиони помалку отколку што лондончани платиле за играчот од средниот ред на Монако во 2017 година. ПСЖ, Севиља и Милан имаат интерес за Французинот, чија лична желба е да се врати на „Сан Сиро“, каде што играше на позајмица минатата сезона. Во досегашната сезона, Бакајоко настапуваше во Монако, но од овој клуб одлучија дека нема да го ангажираат трајно, иако во договорот меѓу двата клуба постои опција да го купат.
ПСЖ е најактивен во обидите да го преземе Бакајоко, но францускиот шампион нема намера да плати повеќе од 26,5 милиони фунти за него. Договорот на Бакајоко со Челзи е до 2022 година, но тој не е дел од плановите на Френк Лампард. Французинот има забележано само 43 натпревари за Челзи од летото 2017 година.