Челзи е уште еден клуб кој внимателно ја следи ситуацијата со капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Договорот на 30-годишниот крилен напаѓач истекува на лето и се уште не е обновен. Затоа се повеќе од европските гиганти се вртат околу него и се надеваат дека ќе го украдат без пари од „Диего Амрандо Марадона“, пишува весникот „Марка“.
Засега Лоренцо Инсиње најавува дека сака да остане во својот роден град Наполи. Сепак, клубот го притиска да ја преполови платата, а тоа по се изгледа не му се допаѓа многу на крилниот напаѓач. Така што нема да биде изненадување ако на крајот дојде до разделба. Во исто време, директорката на Челзи Марина Грановскаја веќе размислува да му даде понуда на италијанскиот репрезентативец. Доколку се најде на пазарот, битката за неговиот потпис, сепак, се очекува да биде доста сериозна, бидејќи покрај Челзи, за него интерес има кај Манчестер Јунајтед, Интер, Њукасл, Тотенхем и Зенит.
Инсиње е роден во околината на Неапол и е потекнува од овој клуб, а најголемиот дел од кариерата го помина носејќи го синиот дрес. За Наполи има постигнато 114 гола на 411 натпревари.