Челзи сака да го ангажира играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Каиседо. На крајот на јули, лондончани упатија трета понуда за трансфер на 21-годишниот играч за врска на еквадорската репрезентација – 80 милиони фунти, но Брајтон повторно ја одби.
Се вели дека разговорите се блиску до ќорсокак. Брајтон го цени играчот на 100 милиони фунти.
Според „Телеграф“, Челзи подготвува нова понуда бидејќи го гледа Каиседо како врвна трансферна цел ова лето.
Мојсес Каиседо минатата сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 1 гол и 1 асистенција.