Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е трансферна цел на Челзи. Италијанските медиуми објавија информации за овој можен трансфер во текот на утринските часови.
Скаут на Челзи присуствувал на дербито помеѓу Лацио и Интер во неделата за да го следи настапот на Милинковиќ-Савиќ. Лондонските сини размислуваат за понуда за српскиот репрезентативец ова лето. Милинковиќ-Савиќ е во Лацио од 2015 година, а претходно го носеше дресот на Генк.
Тој има 23 натпревари и 4 голови во Серија А оваа сезона. Договорот на 24-годишниот Србин со „Орлите“ е до 2024 година.