Фудбалскиот состав на Челзи ќе добие пет милиони евра од италијанската Рома како обештетување за позајмица на Ромелу Лукаку.
Белгискиот напаѓач во претходната сезона играше како позајмен во Интер. „Нероаѕурите“ иако имаа опција не се одлучија да му го откупат договорот.
Корпулентниот голгетер има тековна соработка со „сините“ до летото во 2026 година.