Играчот од средниот ред на Челзи, Кристијан Пулишиќ се согласи на намалување на платата за да премине во Милан. Италијанскиот клуб нуди 15 милиони евра за играчот кого Челзи е подготвен да го ослободи за 20 милиони евра. Ова е 46 милиони евра помалку отколку што Челзи и плати на Борусија Дортмунд во 2019 година, објави „Газета дело Спорт“.
Минатата сезона 24-годишниот Пулишиќ на теренот се појави на 30 натпревари, на кои постигна гол и две асистенции. Договорот на Американецот со Челзи истекува во летото 2024 година.
Вкупно, Пулишиќ постигна 26 гола и даде 21 асистенција на 145 натпревари за Челзи. Вчера, Челзи го продаде напаѓачот Каи Хаверц на Арсенал. Клубот претходно се раздели со голманот Едуард Менди и играчот од средниот ред Н’Голо Канте.