Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард, најави дека ќе биде максимално активен на трансфер-пазарот иако „сините“ уште во јануари го обезбедија потписот на Хаким Зијах од Ајакс а пред неколку недели го купија и Тимо Вернер од РБ Лајпциг. „
Досега бевме добри и купивме одлични фудбалери. Тука нема да застанеме. Мора да се вложува во тимот за да бидеме конкурентни“ – вели Лампард.
„Тоа го видовме кај другите клубови во годините што поминаа. Тоа ќе биде и нашата главна цел“ – изјави Лампард откако неговиот тим влезе во големото финале во ФА Купот на Англија.