Лондонски Челзи наскоро ќе му понуди нов договор на играчот од средниот ред Мејсон Маунт, според кој неговата плата би можела да порасне на околу 175.000 евра неделно, пишуваат медиумите во Лондон.
Сегашниот договор на Маунт истекува во 2024 година. Тој беше потпишан пред Англичанецот да го одигра својот прв натпревар за „сините“.
„Тој е неверојатно талентиран и што е уште поважно, во многу рана возраст, тој има карактер што му овозможува да се движи и да доаѓа на тренинг секој ден со насмевка на лицето. Тоа е клучно за нашата игра. Можам самоуверено да го наречам Маунт еден од клучните играчи на тимот“, изјави тренерот на Челзи, Томас Тухел.
Маунт има 22 години и потекнува од школата на Челзи. Играчот дебитираше за првиот тим во 2019 година.