Челзи најде нов напаѓач кој би можел да го замени Пјер-Емерик Обамејанг. Станува збор за напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. Интересот на Челзи за играчот го најави новинарот Сајмон Филипс.
„Иван Тони е играч кој навистина му се допаѓа на Челзи. Но, очигледно Челзи треба да почека бидејќи играчот има проблем со коцкање и може да биде суспендиран. Но, генерално, Тони е голем кандидат за улогата на нов напаѓач во Челзи од следното лето“, напиша Филипс.
Да потсетиме дека во ноември 2022 година, Фудбалската асоцијација на Англија го обвини напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони за 232 прекршувања на прописите за обложување од 25 февруари 2017 година до 23 јануари 2021 година. Истрагата е во тек.