Челзи е подготвен да се ослободи од неколку играчи со цел да го зголеми буџетот за трансфери, објавија денес медиумите во Лондон.
Тие тврдат дека Челзи во рок од шест месеци ќе ги продаде Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен, Жоржињо, Маркос Алонсо, Рос Баркли, Дени Дринквотер и Виктор Моузес. На „сините“ им требаат пари за да се натпреваруваат за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и за играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс .
29-годишниот Моузес се приклучи на Спартак како позајмен играч до крајот на сезоната 2020/2021 со опција за откуп. Минатата сезона, Моузес играше за Интер на позајмица. Претходно играше за Кристал Палас, Ливерпул, Вест Хем, Фенербахче и други клубови.

