Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Челзи ќе се обиде да ја спаси сезоната со победа против Борусија Дортмунд
    Фудбал

    Челзи ќе се обиде да ја спаси сезоната со победа против Борусија Дортмунд

    risteBy riste07/03/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Челзи ја пречекува Борусија (Дортмунд) во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, откако го загуби првиот натпревар со 0:1.

    Тимот на Греам Потер ќе направи се за да се пласира понатаму во ова натпреварување, што е нивната единствена шанса да постигнат нешто значајно оваа сезона. Лондончани играат крајно внимателно од почетокот на годината, но викендов ја прекинаа негативната серија со победата против Лидс Јунајтед, што им дава одредена самодоверба на играчите во пресрет на денешната пресметка.

    Борусија успеа да слави на својот терен, а Карим Адејеми ја донесе тесната победа против Челзи на „Сигнал Идуна Парк“, но и германскиот тим имаше доволно среќа да ја зачува мрежата. Тренерот на тимот Един Терзиќ забележа уште еден силен настап на своите играчи пред неколку дена кога го победија РБ Лајпциг со 2:1 во Бундеслигата и ја забележаа својата десетта последователна победа во сите натпреварувања од паузата на Светското првенство во 2022 година.

    Борусија се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите само еднаш од 2017 година. Од сезоната 1996/1997 година, тимот нема победа во двата дуели од елиминациите на турнирот, а покрај тоа, загуби 5 последователни средби од европските турнири во Лондон.

    Челзи може да се потпре на добрите дефанзивни перформанси на „Стемфорд Бриџ“ (4 чисти мрежи во последните 6 натпревари). Не треба да се занемари фактот дека „сините“ успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите во 4 од претходните 7 наврати кога го загубија првиот натпревар на гостински терен.

    Греам Потер повторно ќе остане без услугите на голем број играчи од првиот тим, но Кристијан Пулишиќ и Рис Џејмс ги продолжија тренинзите со основната група и ќе му бидат на располагање за оваа средба. Мејсон Маунт е суспендиран и нема да игра, а Каи Хаверц, Жоао Феликс и Рахим Стерлинг речиси сигурно ќе стартуваат во нападот. Рубен Лофтус-Чик ќе остане на клупата доколку Џејмс е подготвен да стартува од првата минута. На другото крило ќе стартува Бен Чилвел, а во средниот ред партнери ќе бидат Енцо Фернандез и Матео Ковачиќ.

    Кадровските проблеми на Борусија се поврзани со повредите на Јусуфа Мукоко и стрелецот од првиот натпревар Адејеми и суспензијата на десниот бек Јулијан Риерсон, кој ќе биде заменет од Маруис Волф. Стартниот голман Грегор Кобел не играше против РБ Лајпциг, а можно е вечерва да биде меѓу резервите, а на голот да застане Александар Мајер. Во нападот се очекува да стартуваат Јулијан Брант, Себастијан Алер ​​и Марко Ројс.

    Натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ започнува од 21 часот, а ќе го суди Дани Меккели од Холандија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    • ОФИЦИЈАЛНО: Севиља се раздели со тренерот на тимот Хорхе Сампаоли
    • Рој Хоџсон се враќа на клупата на Кристал Палас
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.