Тимот на Челзи подготвува сериозна чистка на непотребни играчи во клубот ова лето и најверојатно шест играчи ќе мора да заминат од Лондон, објави весникот „Сан“ во денешниот број.
Напаѓачот Мичи Батшуаи, играчот од средниот ред Виктор Моузес, Дани Дринквотер и Тиемуе Бакајоко, како и одбрамбените играчи Давиде Запакоста и Емерсон Палмиери не се во плановите на менаџерот Франк Лампард и тој со задоволство ќе ги продаде во другите клубови.
Со нивната продажба, Лондончаните се надеваат дека ќе финансираат дел од претстојната селекција, во која, најверојатно, ќе бидат Тимо Вернер од РБ Лајпциг, Бен Чилвел од Лестер и Каи Хаверц од Баер (Леверкузен). Клубот веќе го договори Хаким Зиеш од Ајакс за 45 милиони фунти.
Според „Сан“, Челзи се надева дека ќе земе околу 30 милиони фунти за Бакајоко, меѓу 5 и 10 милиони фунти за Моузес, 15 милиони фунти за Батшуаи и околу 20 милиони фунти за Емерсон. Дринквотер и Запакоста стануваат слободни агенти и клубот нема да добие пари за нив.