Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи ќе го преземат последниот чекор за да ја поништат забраната за трансфери во наредните два преодни рока која им ја одреди УЕФА.
„Сините“ сега ќе се жалат до Спортскиот арбитражен суд се со цел, да добијат поништување на одлуката на ФИФА која ги санкционираше поради кршење на правилата за потпишување на договори со играчи под 18 години.
Англискиот тим во претходниот месец испрати жалба до ФИФА, но, откако истата беше отфрлена од соодветната комисијата во Светската фудбалска центарала, сега се определи да го префрли предметот до Арбитражниот суд кој нема временска рамка во која може да одлучи по жалбата на лондончани.

