Напаѓачот на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски, кариерата може да ја продолжи во Челзи.
Според одредени информации кои се појавија на на Твитер, а биле објавени од весникот „Билд“, лондонскиот клуб веќе стапил во контакт со агентот на фудбалерот Пини Захави. Од страната на Роберт Левандовски ги сметаат за „интересни“ условите што Челзи е подготвен да ги понуди. Во исто време, од Челзи сè уште го гледаат Левандовски како алтернатива на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Левандовски минатата сезона имаше 40 настапи за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 48 погодоци и девет асистенции. Договорот на 32-годишниот фудбалер со германскиот клуб трае до летото 2023 година.
Претходно Левандовски, одговарајќи на прашањето за неговата иднина,рече дека е отворен за сè.