Францускиот напаѓач, Антоан Гризман, може да добие понуда да заигра како позајмен во екипата на Челзи, најавија медиумите во Англија.
„Сините“ сакаат да ја засилат навалната линија а тука во преден план се наметнува играчот на Барса. Шпанците соочени со големи финансиски проблеми се ослободија од неколку играчи, но, на списокот и натаму се имињата на Гризман, Филипе Кутињо и Осман Дембеле.
Челниците од „Стемфорд Бриџ“ доколку успеат во намерата да го ангажираат 30-ет годишниот фудбалер ќе мора да му ја покријат и целата плата.