Ноќта меѓу 5 и 6 октомври, заврши летниот преоден рок во повеќето од најдобрите европски шампионати. Според сите реализирани трансфери, лидери во однос на трошењето беа Челзи (247,2 милиони евра), Манчестер Сити (156,8 милиони евра) и Барселона (124 милиони евра), кои потрошија вкупно 528 милиони евра.
Неспорен лидер во Европа според трошоците во изминатиот период на регистрација на нови играчи беше Челзи, кој вложи 271 милиони евра за да купи 7 играчи – Каи Хаверц (Баер, 80 милиони евра), Тимо Вернер (РБ Лајпциг, 53 милиони евра), Бен Чилвел (Лестер, 50,2 милиони евра), Хаким Зијеш (Ајакс, 40 милиони евра) и Едуард Менди (Рен, 24 милиони евра), како и Маланг Сар и Тијаго Силва, кои потпишаа како слободни агенти.
Меѓу неочекуваните резултати од преодниот рок може да се забележи трошењето на португалска Бенфика и италијанска Парма – 98,5 милиони и 76,4 милиони евра.

