Лондонски Челзи планира да потпише нов договор со бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва.
Лондончани сакаат да потпишат договор со дефанзивецот на уште една година. Силва му се приклучи на Челзи од ПСЖ на 28 август 2020 година како слободен агент.
За клубот од Лондон Бразилецот досега одигра 48 натпревари, постигна 3 гола и имаше една асистенција. Во тековната сезона фудбалерот одигра 14 натпревари и постигна еден гол.

