Челзи доцна синоќа и официјално му врачи отказ на досегашниот предводник на тимот, Греам Потер.
Клубот објави соопштение во кое се вели дека 47-годишниот стратег се согласил потпишат заемна согласност за раскин на договорот. Потер го презеде Челзи во септември 2022 година, оставајќи го Брајтон со петгодишен договор. Под негово водство, тимот одигра 31 натпревар, постигнувајќи 12 победи, 11 порази и 8 нерешени средби. Според најавите од клубот, во позиција на в.д. менаџер ќе биде Бруно Салтор.
Разрешувањето на Греам Потер од функцијата менаџер на Челзи беше 13-тиот отказ од почетокот на сезоната во Премиерлигата што е нов рекорд на лигата.