Бранителот на пехарот во ЛШ, Челзи, на „Стемфорд Бриџ“ ќе го пречека францускиот првак Лил. Британците реално гледано се фаворити, но, противникот секако заслужува респект.
Четата на Тухел во групната фаза заврши на второто место со 4 победи, 1 реми и 1 пораз додека Лил со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз беше прв во неговата конкуренција. Французите за прв пат по 15 години влегоа во втората рунда и сигурно ќе сакаат да го надградат успехот.Англичаните се влезени во серија од 5 последователни победи од кои една во финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас. Челзи и Лил имаат само две пресметки во Европа. Тие беа во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20. Тогаш Англичаните забележаа две победи со 2:1. Лондончани имаат лоша традиција против екипите од Лига 1.Испаднаа во 3 од 4 пресметки, Лил има негативен биланс во елиминациските натпревари против англиските противници – 1 успех и 2елиминации.
Веројатни состави:ЧЕЛЗИ: Менди, Кристенсен, Силва, Рудигер, Аспиликуета, Жоржињо, Ковачиќ, Алонсо, Зијаш, Хаверц, Вернер.ЛИЛ: Жардим, Челик, Фонте, Ботман, Гудмундсон, Веа, Андре, Санчез, Бамба, Давид, Јилмаз. Судија: Хесус Хил Манкано (Шпанија)