По одличните настапи на првите два меча на СП, младиот репрезентативец на Англија, Рубен Лофтус-Чик веќе стана интересен за поголемите европски тимови. Сепак, според информации од неговиот актуелен клуб Челзи, младиот играч офанзивец нема да оди на продажба.
Минатата сезона Лофтус-Чик ја помина во Кристал Палас од каде и обезбеди место меѓу патниците на Мундијалот. Челзи сега е решен да му даде вистинска шанса следната сезона, но за неговото место во тимот сепак ќе решава новиот менаџер.
Евертон веќе се појави како сериозен кандиат за неговиот потпис, но „карамелите“ засега немаат испратено конкретна понуда, а од Челзи се категорични дека тој не е на продажба.