Раководството на Челзи нема да наметнува никаква казна на голманот Кепа Аризабалага за одбивањето на овој голман да биде заменет за време на вчерашното финале во Лига Купот против Манчестер Сити.
Најскапиот голман во светот доби повреда на мускулот во последните минути од продолженијата и Сари одлучи да го замени со Кабајеро. Кепа, сепак, одби да го напушти теренот, објаснувајќи дека е добар и може да одигра до крај. Сепак, менаџерот на Челзи настојуваше да биде направена промената и Кабајеро да ги брани пеналите. Шпанскиот голман спак одби да ја напушти средбата.
По натпреварот кој Манчестер Сити го доби по изведување на пенали, Сари и Кепаго објаснија скандалот, велејќи дека целиот инцидент се должи на недоразбирање. Медиумите во Англија тврдат дека раководството го прифатило ова објаснување и нема да го казнува Кепа поради неговата непослушност.
Денес новинарите го чекаа со огромен интерес пристигнувањето на Кепа на тренингот на Челзи, но на крајот тој успеал да ги избегне и да замине на тренинг без да го забележат.

