Голманот на Арсенал, Арон Рамсдел нема да му се приклучи на Челзи во претстојниот зимски преоден рок.
Челниците на „сините “ се откажале од намерата да го купат 25-годишниот чувар на мрежата кој во сезонава одигра девет мечеви во сите конкуренции и прими девет голови.
Неговиот договор е до јуни 2026 а трансферната вредност му е околу 28 милиони евра.