Челзи ја отфрлил понудата на Арсенал од 17 милиони фунти за нивниот играч Давид Луис, пренесуваат медиумите во Лондон.
Во исто време, лондончани немаат намера да се откажат од својата идеја за задржување на Бразилецот во своите редови на подолг период и планираат да му дадат предлог за нов договор со подобри услови. Луис не беше еден од омилените играчи на Антонио Конте, а минатата сезона играше само на 17 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 2 гола.
Самиот играч неодамна откри за својата желба да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да оди во тим каде ќе може да игра редовно. Како што е познато, Арсенал неодамна беше преземен од Унаи Емери, кој претходно беше на чело на ПСЖ.