Премиерлигашот Челзи ја започна новата година со првото официјално засилување, се работи за младиот фудбалер на Борусија Дортмунд , Кристијан Пулишиќ кој преставува еден од најголемите светски таленти. Утрово стигна и потврдата, дека тој и официјално е нов член на „сините“ од Лондон.
Како што пренесуваат британските медиуми, по неколкунеделните преговори, германскиот клуб одлучил да ја прифати понудата, а воедно да му ја исполни желбата на Пулишиќ. Челзи за реализација на овој трансфер на Борусија ќе ѝ исплати 58 милиони фунти, односно 64 милиони евра но американскиот интернационалец ќе дојде во Лондон дури по завршувањето на тековната сезона. Според договорот Пулишиќ сезоната ќе ја заврши во бундеслигашот.
20-годишниот репрезентативец на САД во редовите на Борусија Дортмунд пристигна во 2015 година и досега одиграл 80 натпревари, на кои постигна 10 гола. Во дресот на селекцијата на САД настапува веќе две години и е стандарден првотимец и има одиграно 29 натпревари, при што постигна девет гола.

