Челзи сака да потпише со младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц ова лето.
Се очекува „Сините“ да го официјализираат договорот вреден 53 милиони фунти за напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер, кога ќе се отвори трансфер прозорецот, а тие сакаат Хаверц да му се придружи на Вернер на „Стемфорд Бриџ“.
Според „Дејли меил“, Челзи е решен да се избори со своите ривали по нивното трансферно ембарго минатото лето и се подготвени да ги потрошат планираните пари за Хаверц. Пазарната вредност на 20-годишникот играч е 75 милиони фунти, така што тој нема да дојде за помалку од овој износ. Челси веќе потроши 38 милиони фунти на Хаким Зиеш од Ајакс.