Лондонски Челзи ја одбил и третата понуда на Барселона за бразилскиот фудбалер Вилиан, соопштува „Скај Спортс“.
Каталонците го подобриле претходниот предлог со 2 милиони долари и веќе даваат 72 милиони долари за 29-годишниот Бразилец. Од Челзи чекаат, бидејќи се појави информација дека Манчестер Јунајтед е со интерес кон играчот и дека се подготвени да плати 80 милиони долари за неговите услуги.
Вилиан е дел од Челзи од 2013 година и беше привлечен од рускиот Анжи. Минатата сезона играше 36 натпревари во Премиер Лигата, во кои постигна 6 гола, но имаше и седум асистенции.