Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар може да се врати во Челзи, пренесуваат одредени медиуми во Шпанија.
Според истите, лондонскиот клуб е заинтересиран да го врати напаѓачот во својот состав. Се вели дека клубот веќе започнал преговори со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез околу евентуален трансфер на белгискиот напаѓач. Еден Азар се пресели во Реал Мадруд летото 2019 година за 115 милиони евра. Пред тоа, седум години ги бранеше боите на Челзи, а на почетокот на кариерата играше за Лил.
Постоечкиот договор на Азар со Реал Мадрид е до 2024 година. Во тековната сезона на шпанското првенство, Азар учествуваше на 7 натпревари, на кои постигна 1 гол. Исто така има одиграно и 1 во Лигата на шампионите, каде што не постигна гол или имаше асистенција.