Челзи е подготвен да го даде Ромелу Лукаку на позајмица.
Според „Атлетик“, лондончани работеле на продажба цело лето, но сега се подготвени да го изнајмат, под услов тоа да вклучува откупна обврска или да се плати значителна сума за позајмицата.
Јувентус, Рома и клубови од Саудиска Арабија во моментов се единствените заинтересирани за Лукаку. Некои британски весници пишуваат дека Белгиецот се предомислил за преселба во Јувентус. Се очекува 30-годишниот фудбалер да и се приклучи на Рома на позајмица, но италијанскиот клуб ќе мора да вклучи задолжителна откупна клаузула во договорот.