Челзи подготвува изненадувачка понуда за Манчестер Јунајтед за да го ангажира крилниот напаѓач Џејден Санчо. Иако францускиот шампион Пари Сен Жермен исто така беше заинтересиран за крилниот напаѓач, последните извештаи укажуваат дека договорот со нив пропаднал, што ја отвори опцијата за лондончани.
Според информациите од англиските медиуми, Челзи планира да достави понуда која вклучува трансферна сума и двајца играчи од нивната академија за да го придобијат Санчо. Другата опција што ја разгледуваат е да го потпишат на позајмица со опција за купување, со што „Сините“ ќе ја земат целата негова плата од 290.000 фунти неделно.
Односите меѓу Санчо и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг и понатаму се затегнати, иако поранешниот играч на Борусија Дортмунд беше целосно вклучен во предсезонските тренинзи на тимот, а Холанѓанецот тврди дека претходните проблеми се решени.

