Челзи ја подготвува првата официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Според англиските медиуми, понудата ќе биде вредна 14 милиони фунти.
Медиумите на Островот уште на 25 јуни открија дека новиот сопственик на Челзи, Тод Боли се сретнал со агентот на Португалецот, Жорже Мендеш, за да разговараат за можен трансфер на Роналдо. Кристијано сака да се пресели во друг тим каде ќе може да игра во Лигата на шампионите. Денеска англиските медиуми објавија дека од „Олд Трафорд“ одлучиле да го продадат играчот.
Манчестер Јунајтед наводно ќе сака да ги врати парите што ги плати на Јувентус за Роналдо пред една година. Тогаш „црвените ѓаволи“ дадоа почетни 12,9 милиони фунти, а со бонусите сумата достигна околу 17 милиони. Во секој момент и Челзи треба да го финализира трансферот на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити. Тоа значи дека тимот на Томас Тухел ќе има сосема поинаков изглед во нападот доколку го доведат Кристијано Роналдо.