Капитенот на Челзи, Рис Џејмс се повреди на тренинг и според „Гардијан“ станува збор за мускулен проблем во задниот дел на бутот, повреда која е сериозна и дефанзивецот нема да игра со месеци.
Поради ваквата повреда Џејмс ги пропушти последните 7 натпревари од минатата сезона, а неговото потенцијално долго отсуство сега ќе биде многу сериозен проблем за менаџерот Маурисио Покетино.
Засега нема точни информации за должината на отсуството на Џејмс, но прогнозите не се оптимистички.