Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез е блиску до преселба во англиската Премиер лига, но лондонски Челзи се уште тактизира со вистинската понуда за фудбалерот. Според последните информации Челзи понудил 85 милиони евра за една од главните ѕвезди на Светското првенство во Катар, но сумата не ги задоволува барањата на Бенфика.
Лондончани не размислуваат да ја платат комплетната сума од 127 милиони евра од откупната клузула на фудбалерот и затоа бараат начин да издејствуваат сума која ќе биде прифатлива за реализација на трансферот.Засега Бенфика не попушта, па се очекува нова рунда убедувања во наредниве денови.