Вчера, Челзи го победи Кристал Палас со резултат 3:1 и на овој начин „сините“ го победија клубот од јужен Лондон 13-ти пат по ред. Ова е всушност најдолгата победничка серија против еден тим во историјата на клубот.
Во 33. минута домашниот играч за врска Хеферсон Лерма го отвори резултатот. Веднаш по паузата во 47. минута, Конор Галагер по додавањето на Мало Густо го израмни резултатот. Во 90+1 минута Галагер ги доведе гостите во предност по додавањето на Кол Палмер. Точка на оваа средба стави во 90+4 минута Енцо Фернандез по додавање на Палмер.
Во моментов, по 24 одиграни натпревари од англиската Премиер лига, Кристал Палас е на 15. место со 24 бодови. Челзи по исто толку одиграни натпревари е на 10. место со 34 бодови.

