Премиерлигашот Челзи промовираше ново име во дефанзивната линија. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ се договори со Монако и го купи Бенуа Бадиашил.
Станува збор за централен дефанзивец, кој од францускиот клуб се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за сума од 38 милиони евра.
21-годишниот фудбалер пристигна во Челзи и потпиша договор на дури 7,5 години. Бадиашил се обврза на верност со Челзи до јуни 2030 година.
Перспективниот стопер потекнува од младинската школа на Монако, од 2018 година е член на првиот тим. Оттогаш, Бадиашил одигра 135 натпревари за Монако, постигна шест гола и запиша три асистенции, но негова главна задача во играта е одбраната.