Дефанзивецот на Лестер Сити, Весли Фофана се пресели во Челзи, објави официјалниот сајт на лондонскиот клуб. 21-годишниот француски фудбалер има седумгодишен договор со Челзи.
„Последните два дена беа навистина важни за мене. Многу сум среќен. Утрото имав тренинг со тимот и тоа е остварување на сонот. Среќен сум што му се приклучувам на Челзи, сакам да играм за навивачите на овој голем тим. Јас сум тука да освојувам трофеи и да победувам, а клубот е создаден за ова“, рече Фофана.
Да потсетиме, Фофана се пресели во Лестер од францускиот Сент Етијен во октомври 2020 година за 35 милиони евра. За време на престојот во Лестер одигра 52 натпревари во сите натпреварувања: 37 во Премиер лигата, четири во ФА Купот, шест во Лига Европа и пет во Конференциската лига.