Има реална шанса Челзи да добие многу тешка казна од ФИФА и клубот да биде казнет со трансфер ембарго за две години.
Истрагата за трансферот на Бертран Траоре, која траеше три години, сега е завршена. Заедно со него, беа разгледани случаи во кои учествуваа уште 13 играчи кои беа привлечени од Челзи пред да имаат 18-години.
Според француските медиуми, кои ги објавија сите откривања на „Football Leaks“, истражувачката комисија на ФИФА препорачала на Челзи да му биде изречена казна во износ од 45 000 фунти и да му биде забрането на клубот да привлекува нови играчи во период од четири трансфер периоди.
Една од причините за оваа санкција е поврзана со активностите околу привлекувањето на Бертран Траоре, а другите три се распределени за 13 други нарушувања на правилата при трансфери на млади играчи.
Според истото издание, ФИФА ги испитува и другите клубови во Премиер лигата за таквите прекршувања.