Екипата на Челзи не се откажува од намерата да ја привлече младата sвезда на Баер (Леверкузен) Каи Хаверц.
Според добро познатиот новинар Фабрицио Романо, двата клуба започнале официјални преговори за трансфер на 20-годишниот играч. Лондончаните ќе се обидат да го завршат договорот наскоро, и се подготвени да ја платат бараната сума од 80 милиони евра само доколку во нив се вклучени и бонусите. Тимовите продолжуваат да разговараат едни со други за да постигнат договор.
Хаверц, кој пред неколку недели се договори со Челзи за лични услови, чека да се го сторат тоа и клубовите и тој да се пресели во Лондон.