Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Челзи против Ливерпул без Зијеш, Чилвел,Пулишиќ и Тиаго Силва
    Фудбал

    Челзи против Ливерпул без Зијеш, Чилвел,Пулишиќ и Тиаго Силва

    risteBy riste18/09/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Челзи ќе мора да игра без повредените Хаким Зијеш, Бен Чилвел и Кристијан Пулишиќ во натпреварот против актулениот шампион Ливерпул во недела. Ова го откри на прес-конференцијата пред натпреварот менаџерот на „сините“ Френк Лампард.

    Пулишиќ сè уште не се опоравил од повредата што ја заработи во финалето на ФА купот на почетокот на август, додека во оваа фаза надвор од комбинација се новајлиите Зијеш и Чилвел. Добрата вест за Лампард е подобрувањето на состојбата на централниот напаѓач Тимо Вернер.

    Германецот имаше болка во ногата по мечот со Брајтон во понеделникот, но тој го надмина тоа и е подготвен да игра против Ливерпул. Се чини дека надвор од комбинација за оваа средба ќе биде уште еден од новите – дефанзивецот Тиаго Силва.

    „Тиаго работи на неговата подготвеност, но мислам дека натпреварот со Ливерпул доаѓа прерано за него. Сепак, неговото присуство ќе биде многу важно за нашиот тим, бидејќи тој веќе ги презема лидерските позиции. Неговото доаѓање ќе му помогне на целиот тим”, објасни Лампард.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.