Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Челзи размислува за понуда од 160 милиони евра за Винисиус Жуниор
    Фудбал

    Челзи размислува за понуда од 160 милиони евра за Винисиус Жуниор

    risteBy riste06/01/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Винисиус Жуниор сè уште не го обновил договорот со Реал Мадрид, кој истекува во 2027 година, а гласините за неговото евентуално заминување од „Сантијаго Бернабеу“ во јуни не престануваат да се множат. Најновите вести доаѓаат од Англија, каде што „Гардијан“ објавува дека Челзи внимателно ја следи ситуацијата со Бразилецот и е подготвен да го привлече во своите редови.

    Англиското издание тврди дека Лондончани размислуваат да дадат понуда за напаѓачот на лето, која се очекува да биде околу 160 милиони евра.

    Реал Мадрид продолжува да работи на обновување на договорот на Винисиус и се чини дека самиот играч е подготвен повторно да потпише, но преговорите остануваат во застој, бидејќи постои сериозно несовпаѓање помеѓу барањата на играчот и понудата на клубот. Раководството на шпанскиoт гигант е категорично дека доколку ситуацијата не се промени до следното лето, ќе го стават Бразилецот на трансфер листата. Челниците на Реал Мадрид никогаш не би дозволиле Винисиус да го заврши договорот до летото 2027 година и да го напушти Реал Мадрид како слободен агент.

    Можна разделба помеѓу Винисиус и Реал Мадрид се чини сè поверојатна поради негативниот став на навивачите кон Бразилецот. Тој повторно беше исвиркан на „Бернабеу“ во натпреварот против Бетис (5:1). Ова би можело да го доведе и играчот до заминување.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.