Челзи сака да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Мејсон Маунт, објави новинарот Николо Скира на својот Твитер профил.
Во наредните недели лондонскиот клуб ќе разговара со играчот за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Маунт со сините истекува во 2024 година. Челзи е подготвен да му понуди долгорочен договор на играчот од средниот ред и планира да му ја зголеми платата.
Маунт потекнува од фудбалската школа на Челзи. Во сениорскиот тим е од 2019 година. Мејсон Маунт оваа сезона има 21 настап во Премиер лигата, постигнувајќи 7 гола и 6 асистенции.