Челзи нема намера да го продава Еден Азара на Реал Мадрид и за 170 милиони фунти, соопштува британското издание „Мирор”.
Претходно во текот на неделата медиуми од Англија и Шпанија соопштија дека лондончани може да се разделат со 27-годишниот напаѓач, но за сума не помала од оваа.
„Азар е еден од најдобрите фудбалери во Европа. Сакам да го направам дури подобар од сега, но тоа ќе биде комплицирано, бидејќи тој веќе е на многу високо ниво”, рече новиот менаџер на Челзи Маурицио Сари. Раководството на „сините” од Лондон е убедено дека белгискиот играч нема да се обидува да го прекине договорот, а воедно и дека нема да поднесе официјално барање за трансфер.
Освен што сакаат да го направат Азар уште подобар фудбалер од Челзи мислат да му предложат и нов договор со подобрени услови. Тој сега заработува 300.000 фунти неделно.