Челзи му даде нова ажурирана понуда на Вилијан за нов договор, објави весникот „Гардијан“. Сините понудија двегодишен договор, но 31-годишниот Бразилец не се согласи бидејќи инсистираше на тригодишен договор.
Во исто време, менаџерот на лондончани Франк Лампард сака клубот да го задржи играчот. Во сезоната 2019/20, Вилијан настапи на 47 натпревари за Челзи, постигна 11 голови и 9 асистенции. Веројатно неговиот последен натпревар во дресот на „Сините од Лондон“ ќе биде реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со Баерн (Минхен) в сабота.
Се повеќе се тврди дека Бразилецот ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.