Челзи упатил понуда до Бенфика за Енцо Фернандез во висина од 130 милиони евра, информира португалскиот „Рекорд“.
Сумата е дури 10 милиони повеќе од вредноста на ослободителната клаузула вградена во договорот на Аргентинецот. Уште пред Божиќ излезе информација дека португалскиот клуб одбил понуда од Англија во висина од 100 милиони евра за Фернандез. Исто така беше објавено дека оваа понуда била дадена од Њукасл. За Фернандеш заинтересирани се и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Ставот на Бенфика во моментов е дека клубот сака да го задржи Фернандез барем до крајот на сезоната. Желбата на Челзи е да го доведе играчот од средниот ред уште во јануари. Од „Стемфорд Бриџ“ веќе разговарале со Жорже Мендеш, кој е агент на играчот.