Премиерлигашот Челзи ја даде својата прва понуда до Борусија (Дортмунд) за напаѓачот Ерлинг Халанд.
Според информациите кои беа објавени, Челзи и понудил на Борусија Дортмунд за 20-годишен Норвежанец да го дадат Тами Абрахам плус 70 милиони евра. Борусија Дортмунд се уште не одговорила на предлогот. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Халанд е 110 милиони евра.
Сепак, Борусија бара цена од 200 милиони за да ги откаже кандидатите за неговиот потпис. Договорот на Норвежанецот со Борусија Дортмунд е до летото 2024 година.

