Претставниците на Челзи се сретнале со агентот на Калиду Кулибали, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Централниот дефанзивец на Наполи беше желба на лондончани како алтернатива на Матијас де Лихт, кој беше цел број 1 на Томас Тухел за одбраната, но од денес се чини дека неговиот потпис нема да се случи бидејќи Холанѓанецот е повеќе за преселба во Баерн Минхен. Челзи треба да доведе двајца централни бекови кои ќе ги заменат Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен. Еден од нив најверојатно ќе биде Нејтан Аке од Манчестер Сити, кој веќе ги договорил личните услови со лондончани.
Во напредна фаза се и преговорите меѓу двата клуба. Нов приоритет на Челзи е Калиду Кулибали. Сенегалецот е трансфер цел и на Јувентус од каде планираат да го заменат Де Лихт доколку Холанѓанецот си замине.
Наполи веќе доставил понуда до Кулибали за нов договор, а од сегашниот договор остануваат неполни 12 месеци. Доколку дефанзивецот одбие повторно да потпише, како што изгледа засега, неговиот клуб ќе прифати понуда од околу 40 милиони евра.

